Кошарка

Јелена Дубљевиќ на чело на Кошаркарскиот сојуз на Црна Гора

Јелена Дубљевиќ на чело на Кошаркарскиот сојуз на Црна Гора

Прославениот црногорски кошаркар Никола Пековиќ кој играше за неколку НБА тимови а слава стекна во Партизан, веќе не е прв човек на црногорската кошарка.

На негово место доаѓа Јелена Дубљевиќ, некогашна црногорска репрезентативка. На вонредната седница во тамошниот кошаркарски сојуз за Дубљевиќ гласале 42 делегати а за Пековиќ 38. По гласањето, Пековиќ и честитал на против-кандидатката.

Јелена Дубљевиќ почнала да се занимава со кошарка од свои 12 години во Ролинг од Никшиќ. Играла и за Будуќност па потоа во Шпанија, Франција, Чешка, Русија, Турција, Кина и САД. Таа е прва жена што освоила шампионски прстен во женската НБА. Минатата сезона таа играла во финале на Евролига со турски Мерсин но загубиле од Фенербахче.

To top