Фудбал закрепнување

Тер Штеген успешно опериран

Ова е веќе трет пат Тер Штеген да го повреди десното колено што ги зголеми сомнежите дека можеби ќе паузира до крајот на сезоната.

Тер Штеген успешно опериран

Голманот на шпанскиот фудбалски гигант Барселона и германскиот репрезентативец Марк-Андре тер Штеген (32) го оперираше денеска десното колено кое го повреди на вчерашниот натпревар против Виљареал.

Тер Штеген се повреди во финишот на првото полувреме на гостувањето против Виљареал од кое Барселона се врати со убедлив триумф од 5-1.

Барселона соопшти вечерва дека операцијата била успешна, а враќањето на Тер Штеген на теренот ќе зависи од брзината на неговото закрепнување.

Ова е веќе трет пат Тер Штеген да го повреди десното колено што ги зголеми сомнежите дека можеби ќе паузира до крајот на сезоната.

To top