Дебитантот во регионалното друштво во АБА лигата, новиот тим на Дубаи славеше над актуелниот шампион Црвена Звезда со 86-84.
Домаќините уште од самиот старт тргнаа многу подобро, па веќе по десет минути имаа двоцифрена предност од 28-16. Тимот на Дубаи до крајот успеа да ја задржи предноста и да стигне до конечен триумф од 86-84.
Нејт Мејсон со 18 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Никола Калиниќ постигна 16 поени.