Свет борел изјави

ЕУ е цврсто солидарна со Украина

Најмалку пет цивили се ранети во повеќечасовниот напад со беспилотни летала врз Киев, главниот град на Украина, што денеска беше цел на најинтензивните руски напади со беспилотни летала од почетокот на војната во 2022 година.

ЕУ е цврсто солидарна со Украина

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, по денешниот неколкучасовен напад на руски беспилотни летала врз Киев изјави дека ЕУ цврсто стои во солидарност со Украина.

„ЕУ е цврсто солидарна со Украина, во моментот кога Русија го изврши најголемиот напад со беспилотни летала врз Киев“, напиша Борел на платформата Х (Твитер).

Најмалку пет цивили се ранети во повеќечасовниот напад со беспилотни летала врз Киев, главниот град на Украина, што денеска беше цел на најинтензивните руски напади со беспилотни летала од почетокот на војната во 2022 година.

Најнови вести од Свет

To top