Останати спортови

Даниел Рикиардо најверојатно ја вози последната трка во кариерата

Даниел Рикиардо најверојатно ја вози последната трка во кариерата

Искусниот Австралиец многу веројатно останува без своето возачко столче за следната сезона, а се очекува набргу да биде промовиран Лиам Лаусон на негово место.

35-годишникот дури според најавите би можел да биде сменет уште овој викенд, односно по трката за Големата награда на Сингапур. Рикиардо зборуваше токму на таа тема отворено пред камерите.

„Знам како е и како оди. Знаев дека годинава ќе има датуми на одлука, без разлика дали тоа беше летната пауза или после Сингапур. Многу работи се неизвесни. Ќе видиме како ќе мине викендот. Ќе дадам сè од себе, сè што имам. Секогаш има нешто за што да се борите. Планот е да се обидам да дојдам до подиум. 

Знам како функционира спортот. Не знам дали ќе останам во тимот, немам одговор на тоа прашање. Во овој спорт е лудо, ако некако бидам на подиум викендов ќе бидам еден од најпопуларните“, изјави Австралиецот.

Поврзани теми

To top