Кошарка

Слукас објави кога ќе се повлече од кошарката

Слукас објави кога ќе се повлече од кошарката

Грчкиот кошаркар Костас Слукас објави кога и на кој начин сака да замине во пензија.

Како што вели самиот тој, сака да се пензионира додека е на врвот, а тоа ќе се случи кога ќе му истече актуелниот договор кој го има со Панатаинаикос.

Слукас со кариерата покрај за Панатинаикос настапуваше и за најголемиот ривал на „зелените“, Олимпијакос, како и за Фенербахче. Досега освои четири евролигашки титули, пет титули во грчкото првенство и три Куп титули.

To top