Скопје

ПРОСЛАВА ЗА СИТЕ ГЕНЕРАЦИИ- Семеен фестивал во недела во Ѓорче Петров, ова е богатата програма

ПРОСЛАВА ЗА СИТЕ ГЕНЕРАЦИИ- Семеен фестивал во недела во Ѓорче Петров, ова е богатата програма

Ве покануваме на незаборавен семеен фестивал на **22.09.2024 (недела)**, каде што сите генерации ќе уживаат во целодневни активности под мотото **„Музика и забава за сите”**, повикува градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

📍 Парк Ѓорче Петров на плато кај Тинекс
**Програма на настанот**
11:00 – 12:00
🎶 **Детски фестивал „Поточиња”**
– Настап на омилените детски изведувачи кои ќе ја разиграат младата публика.
12:00 – 15:00
🎤 **„Музика и забава за сите”**
– Наум Петрески
– Миле Кузмановски
– Бојана Скендеровски
– Ламбе Алабаковски
– Мина Блажев
16:00 – 19:00
🎭 **Фестивал на уличен театар „Баскер фест”**
– Место: Парк
– Креативни и забавни улични изведби кои ќе ја наполнат публиката со радост и смеа!
18:00 – 22:00
🎶 **„Звуци на културата во Ѓорче 2024“**
– Место: Парк
– Настапи на енергични музички ѕвезди:
– Даниел Данн
– Мијата
– Куку Леле
– Паркети
Ова е ден што ќе ги зближи семејствата и ќе ја слави љубовта и заедништвото. Доаѓајте со насмевка и уживајте во ден полн со музика, забава и пријатни изненадувања!

To top