Промо комерцијална објава

Тајни на молерскиот занает за идеално избелени ѕидови

Најбрз и најевтин начин да внесете свежина во вашиот дом или деловен простор, да му дадете свој „печат“, но и да ги отстраните дамките од ѕидовите, е истиот да го избелите, односно, да го варосате. Иако многумина се на мислење дека белењето е едноставна задача, тоа е една од завршните работи при кои најчесто се појавуваат грешки. Еве неколку совети како да ги избегнете.

Тајни на молерскиот занает за идеално избелени ѕидови

Најбрз и најевтин начин да внесете свежина во вашиот дом или деловен простор, да му дадете свој „печат“, но и да ги отстраните дамките од ѕидовите, е истиот да го избелите, односно, да го варосате. Иако многумина се на мислење дека белењето е едноставна задача, тоа е една од завршните работи при кои најчесто се појавуваат грешки. Еве неколку совети како да ги избегнете.

Белењето не е само нанесување боја на ѕидовите, тоа е многу повеќе. Тоа подразбира правилна и професионална подготовка на ѕидови, заштита на мебелот и подовите, набавка на соодветна боја (што воопшто не е лесна задача), примена на соодветни алатки и техники.

Подготовка за белење

Пред да започнете со белење, најпрво мора да се заштити мебелот, подните облоги и мебелот од боја. На овој начин ќе заштедите време и пари кои би ги потрошиле за чистење, т.е. купување или поправка на измачкан мебел или под.

За оваа намена се користи целофан, најлон или потврд картон. Директно под површината што треба да се варосува, најдобро е да поставите стари партали кои ќе ја впијат истурената боја. Наместо партали може да се користат стари весници, но никако пластични кеси бидејќи не ја впиваат бојата, туку само ја разлеваат. Исто така, не смееме да заборавиме на прекинувачите и рамките на вратите кои исто така треба да се заштитат.

Доколку се работи за бојадисување на нов, сè уште невселен простор или за време на реновирањето е исфрлен целиот мебел и покуќнина, подот може да се покрие со слој од дебел најлон и да се зацврсти со селотејп.

По заштитата на околните површини, потребно е темелна подготовка на ѕидовите пред да започнете со самото белење. Доколку ѕидовите не се професионално подготвени, најчести последици се лупењето на бојата и нерамни ѕидови.

Прво, од ѕидовите, мора да се отстранат нечистотии како траги од молив, дамки од мрсна храна, дамки од инсекти, особено ако ѕидовите се обоени во светла боја. Ако на ѕидовите има дамки, ѕидовите нема да може да ја примат бојата како што треба. Пред нанесувањето на бојата, исчистените ѕидови мора да бидат целосно суви. Ако на ѕидовите има тапети, тие исто така мора да се отстранат.

Кога станува збор за подготовка на ѕидовите за белење, најважната работа е нивно глетување. Со тоа се покриваат сите нерамнини, пукнатини, генерално сите несовршености на ѕидовите. Ако зборуваме за поголеми пукнатини, се користи и бандаж лента. Глетувањето е дополнителен трошок, но, неопходен. Се работи во два слоја, со тоа што првиот слој е секогаш подебел од вториот, особено ако се работи за доста нерамни ѕидови. Само кога првиот слој на глет е целосно сув и брусен, што ја прави површината рамна, се нанесува вториот слој глет маса.

Опрема за белење

Изборот на боја за белење не е лесна задача. Малото квадратче боја во каталог не може верно да ја прикаже саканата нијанса и не е секогаш лесно да ја замислите вашата соба во таа боја само врз основа на каталогот. Во голем број на продавници за бои, може да се најдат мали пакувања или мини тестери со бои. Таа количина е сосема доволна за да се помине помала, дискретна површина на ѕидот за да видите како таа боја ќе изгледа под светлината која ја има во просторијата и дали се вклопува со останатиот дел од ентериерот.

Покрај со останатиот мебел, при изборот на боја за белење треба да се водите и од вашиот личен сензибилитет, димензии и намена на просторијата. На пример, за тесните простори, светлите бои се секогаш подобар избор, кои визуелно ги зголемуваат. Добар избор за домашна канцеларија е зелената боја, која ја поттикнува концентрацијата и продуктивноста. Сината боја се користи за соби наменети за релаксација бидејќи се поврзува со морски мир и спокојството.

За белење потребен е и квалитетен алат. Користењето на несоодветна алатка резултира со дебели слоеви на боја и нерамни облоги. Доколку се нанесува боја на база на масло, подобар избор се четки со природни влакна, додека синтетичките четки се користат за бои на база на вода. За поголеми површини се користи класичен валјак, а мини валјак за ѕидни рабови и агли. Исто така, ако валјакот не е добро исцеден по натопување во бојата, површината на ѕидот ќе биде премногу натопена со боја.

Купувањето квалитетен алат за белење кој ќе служи на намената, воопшто не е мал трошок. Затоа многумина, кога ќе ги стават на лист цените на материјалите и евентуално санирање на потенцијални проблеми, кои секако се појавуваат при белење „на своја рака“, се одлучуваат белењето да го препуштат на молери кој професионално ќе ја завршат работата.

Процесот на белење

Белењето најчесто се врши од аглите кон средината, бидејќи на тој начин се постигнува најголема прецизност. На овој начин, нема видливи преклопувања на боите. За да се постигне максимална покриеност и да се постигне саканата нијанса, секогаш е потребно повеќеслојно боење. Сепак, потребно е да се почека секој од слоевите целосно да се исуши. Ако не, бојата ќе се лупи, ќе се појават „меурчиња“, односно, бојата нема да се залепи.

To top