Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска учествуваше на Конференцијата: „Бизнис ангели и претприемачки екосистем во Република Северна Македонија. Mожности и предизвици“на која го истакна значењето што го дава Владата и министерството со кое раководи, на инвестициите во зелените бизниси.
Меџити, поканет на Конференцијата од министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, рече дека Владата и Министерството за животна средина и просторно планирање му даваат приоритет на зеленото претприемништво и важната улога што ја имаат бизнис ангелите во оваа насока како инвеститори на овие бизниси.
Бизнис ангелите не се само финансиски поддржувачи, туку тие се визионери кои исто така обезбедуваат капитал и менторство во најранливите фази од животот на еден старт-ап бизнис. Нивните инвестиции промовираат проекти што се занимаваат со итни еколошки прашања – намалување на емисиите на јаглерод, грижа за водата, управување со отпадот и создавање одржливи енергетски решенија“, рече Меџити, додавајќи дека светот се соочува со итна потреба од еколошки решенија, а токму зелените бизниси растат со иновативните идеи. Првиот вицепремиер Изет Меџити додаде дека ги поддржува бизнис ангелите во зелените сектори, бидејќи го тие го премостуваат јазот помеѓу иновативноста и реализацијата, инвестираат во високоризични сектори со зелена технологија, која традиционалните инвеститори можат да ја избегнат.
Бизнис ангелите овозможуваат револуционерни технологии, како што се обновливи извори на енергија, еколошки материјали и иновации за заштеда на вода, и затоа сме посветени на создавање екосистем кој не само што ги поддржува претприемачите, туку исто така ги овластува бизнис ангелите да направат влијателни инвестиции во зелени бизниси – рече Меџити.
Денешната конференција ја организираше Министерството за економија и труд, во соработка со ЕУ делегацијата во Скопје, а на неа учествуваа владини претставници, стопански комори во земјава, академици и бизнисмени, кои беа вклучени во неколкугодишниот проект насловен „Корпоративна општествена одговорност и бизнис ангели – движечка сила за приватниот сектор“, која има за цел да го зголеми бројот на компании со еколошки дејности.