Денес со почеток во 13 часот во Порта Македонија, заменик министерката за европски прашања Викторија Трајков ќе учествува на конференција посветена на Европските денови на култруното наследство.
На конференцијата свое поздравно обраќање ќе има и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, раководителот за соработка од Делегацијата на ЕУ во Скопје, Штефан Худолин, Мигел Џон Верслус, академик и професор на Лиден Универзитетот од Холандија, Аце Миленковски, ректор на Универзитет Скопје, како и други познати и признати имиња во областа на образованието, историјата и истражувањето на културното наследство од Европа и Западен Балкан.