Полиција го проверува случајот со наводно исчезнатото бебе од Детската клиника, откако сопружници пријавија дека нивното бебе лежело на оваа клиника, но кое претходно било неколку месеци на Гинекологија каде се родело пред 5 месеци со компликации, објавува Сител.
Полицијата проверува и во Клиниките, но и ги проверува исказите на родителите бидејќи биле делумно контракторни, па ако се утврди дека се работи за лажна пријава можно е да бидат повикани на одговорност.
Сопружниците од Куманово и Скопје, во телефонски разговор, ни тврдеа дека на 11 јули било родено машко дете, надвор од терминот, но бебето било со мала родилна тежина и со здравствени компликации. По еден месец на Интензивна нега на ГАК, било наводно префрлено на лекување во Детската клиника. Мајката тврди дека редовно го посетувала, но дека пред два дена кога дошла да го види и рекле дека такво дете не постои.
Од Детската клиника и Клиниката за гинекологија и акушерство знаат за слуачајот бидејќи родителите реагирале и кај нив, но двете клиники тврдат дека такво бебе ниту е родено, ниту лежело кај нив.
Имено, од Детската клиника за Сител потврдија дека проверки се направни од нив и од полициски службеници веднаш откако родителите се јавиле дека наводно имаат проблем . Проверката на досиејата покажала дека такво дете никогаш не е заведено во болницата, ниту имало бебе кое самостојно лежело без родител.
И од Клиниката за гинекологија тврдат дека родителите даваат лажен исказ. Тие велат дека раѓање на име на мајката во текот на јули, но и цела 2023 година немало.
„На клиниката во текот на 2023 година ниту еднаш не дошла на преглед пациентката која сега дава неточна изјава поврзана со исчезнување на бебе, а вие ја пренесувате.“, реагираат од ГАК
Неофицијално, проверката во оваа клиника покажало дека мајката последно раѓање на оваа клиника имала во 2019 година и од тоагш не се има појавено на Клиниката, се до вчера кога почнала да бара документи за наводното бебе.
Двете Клиники велат дека сите пациенти – деца и родителите што се во болниците се безбедни и дека нема простор за паника и страв и дека се работи за лажна дојава.