„Не сакам многу да зборувам за тоа, но имаше и други клубови кои покажаа интерес, го контактираа мојот агент и се распрашуваа за мојата ситуација. Сепак, на крајот одлучив дека најдобро за мене е да остане во Париз и дебитантската сезона во Евролигата да ја почна овде“, изјави Шортс.
Претходната натпреварувачка кампања тој беше најзаслужен за триумфот на Париз во Еврокупот и на крајот ги освои наградите за МВП на основниот дел и на финалната серија.