На трибините се најголеми ривали, но кога треба да се покаже човечност, навивачите на Вардар и Пелистер многупати покажале дека знаат да си помагаат.
Комитите сите средства кои ќе ги соберат од гостувањето во Кратово каде Вардар во недела игра против Силекс, ќе ги донираат за помош на членот на навивачката група Чкембари кој во пожар го загуби својот дом.
Претходно навивачката група Чкембари замоли за донации кои ќе му помогнат на нивниот член што побрзо да го обнови својот дом, пред температурите да паднат под нула.
Следате го убавиот гест и дојдете во голем број на натпреварот и Вие, а со тоа ќе помогнете онаму каде е потребно.