Свет Ужас

Во израелско бомбардирање на Газа загинаа 14 лица

Во нападите е погодена една куќа во која биле 11 лица, меѓу кои и жени и деца. Погоден е и шатор во Кан Јунис во кој се наоѓале раселени Палестици.

Во израелско бомбардирање на Газа загинаа 14 лица

Најмалку 14 лица загинале во израелските воздушни напади во Појасот Газа во текот на изминатата ноќ, соопштија денеска локалните палестински власти.

Во нападите е погодена една куќа во која биле 11 лица, меѓу кои и жени и деца. Погоден е и шатор во Кан Јунис во кој се наоѓале раселени Палестици.

Војната во Појасот Газа започна на 7 октомври минатата година кога борците од радикалната палестинска група Хамас извршија напад на израелска територија, убивајќи околу 1.200 луѓе и земајќи 250 заложници.

Израел одговори со жестоки удари врз Појасот Газа во кои досега, според нформациите на Министерството за здравство на Хамас, животот го загубиле над 41.000 Палестици. (МИА)

Најнови вести од Свет

To top