Беше видена шокантна сцена на почетокот од сезоната во НФЛ-лигата. Бафало билс го совлада Мајами делфинс со 31:10, но никому не му беше грижа за резултатот, бидејќи квотербекот на Мајами, Туа Таговаилоа, повторно доживеа потрес на мозокот и тоа на теренот.
Овој сè уште млад квотербек трет пат во кариерата се здоби со ваква сериозна повреда на главата и на мозокот, на теренот, па многумина веруваат дека штотуку го одигра последниот натпревар.
По една акција во третата четвртина, Туа удри со главата во градите на противничкиот играч Дамар Хамлин и падна како покосен на земја. Потоа се обиде да стане, но беше очигледно дека е дезориентиран и дека не знае каде се наоѓа. Соиграчите веднаш притрчаа, повикаа лекари, но Туа некако го напушти теренот.
-Ни рекоа дека е свесен, дека самиот го напуштил теренот. Ни кажаа и дека ги мрда екстремитетите – истакна новинарот на „Амазон“ во текот на преносот.
Damar Hamlin’s chest and Tua’s head, the two most fragile objects in the league, just collided
— Dot (@IlliniProcess) September 13, 2024