Ракомет

Фуксе Берлин поразен пред гостувањето во Битола

Фуксе Берлин поразен пред гостувањето во Битола

Фухсе Берлин по 11 години се врати во Лигата на Шампионите, но камбекот во елитното натпреварување нема да биде запомнет по добро откако германскиот тим загуби на домашен терен од Веспрем со резултат 31-32.

Во мечот што одлично го водеше македонската двојка Начевски – Николов пресуди второто полувреме во кое почна да блеска гостинскиот голман Коралес, трасирајќи го патот до голем триумф на унгарскиот гигант.

Шпанскиот голман Коралес  со 17 одбрани беше најзаслужен за победа, во нападот Ремили постигна 11 гола за Веспрем, додека Фабрегас го заврши мечот со пет погодоци.

Гидсел со десет гола беше најефикасен во таборот на Берлин, на чиј гол блескаше Милосављев со 17 интервенции.

Фухсе Берлин во второто коло му гостува на македонскиот првак Е. Пелистер во Битола, додека Веспрем во премиерниот меч на домашен терен ќе го пречека тимот на ПСЖ.

To top