Кошарка

ТФТ Скопје го совлада бугарски Балкан

ТФТ Скопје го совлада бугарски Балкан

Македонскиот кошаркарски прволигаш ТФТ Скопје триумфираше над Балкан на гостински терен во Ботевград во подготвителен натпревар пред стартот на новата сезона во домашното кошаркарско првенство со 80:72.

Кошаркарите на ТФТ на полувремето заминаа со двоцифрено водство (45:34), а предноста ја зачуваа до крајот на дуелот во Арена Ботевград.

Петмина кошаркари во редовите на ТФТ постигнаа десет или повеќе поени, а најефикасен беше Џелин Гафни со 22 кошеви.

Новата сезона во македонската машка кошаркарска лига започнува на 5 октомври, а ТФТ Скопје во воведното коло ќе го пречека Куманово.

To top