Ракомет

Ангеловски: Пред мечот си ветивме борба

Ангеловски: Пред мечот си ветивме борба

Македонскиот ракометен шампион Е.Пелистер се бореше до крајот за позитивен резултат против ПСЖ и  од минус осум дојде на минус еден пред самиот крај, но францускиот тим не даде шанса барем за реми.

„Пред натпреварот си ветивме борба до последната секунда. Кога ПСЖ водеше со седум и со осум гола, ние покажавме карактер и квалитет. Горд сум на изданието на моите играчи во Париз“, изјави тренерот Ангеловски по мечот.

Во следното коло од Лигата на шампионите Еурофарм Пелистер на домашен терен игра со бундеслигашот Фуксе Берлин.

To top