Македонија приоритет во институционалното делување

Презентирана нацрт Национална стратегија и акциски план против сајбер криминал

-Ние живееме во време кога технологијата игра клучна улога во речиси секој аспект на животот. И иако сето тоа нуди невидени можности, истовремено создава и нови предизвици, при што сајбер криминалот е еден од најкомплексните и најраспространетите“, нагласи директорот Јанев.

Презентирана нацрт Национална стратегија и акциски план против сајбер криминал

„Како никогаш претходно, сајбер безбедноста денес, а така ќе биде и во иднина, е еден од несомнените приоритети во институционалното делување, особено на институциите како што е Министерството за внатрешни работи.“

Ова, меѓу другото, денес го истакна првиот човек на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев во своето обраќање по повод денешната презентација на нацрт Националната стратегија и акциски план за борба против сајбер криминал, во рамки на проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото – Компонента 2“ што се одржа во Скопје.

-Ние живееме во време кога технологијата игра клучна улога во речиси секој аспект на животот. И иако сето тоа нуди невидени можности, истовремено создава и нови предизвици, при што сајбер криминалот е еден од најкомплексните и најраспространетите“, нагласи директорот Јанев.

Потенцирајќи дека токму заради тоа „денешниот исклучително компетентен форум претставува значаен чекор во нашите напори, заеднички со нашите партнери од ЕУ, за воспоставување на Националната стратегија и Акциски план за сајбер криминал, што ќе послужат како конкретен патоказ за зајакнување на капацитетите на нашата земја против оваа постојано растечка закана“.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Директорот Јанев оценувајќи ја како суштинска важноста на нацрт документот, особено го истакна и се заблагодари на учеството и соработката на експертскиот тим од проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото – Компонента 2“, како уште еден практичен пример за партнерството и поддршката што нашите институции ги добиваат од ЕУ.

Најнови вести од Македонија

To top