Македонија

Кому му смета запирање на прекројувањето на македонската историја, кога историчарите станаа политичари

Кому му смета запирање на прекројувањето на македонската историја и удоволување на шовинистичките бугарски политички желби спротивно на историските факти и аргументи? Ова прашање се отвора откако се најави промена на македонскиот дел од Комисијата за историски и образовни прашања со Бугарија, пишува Вечер.мк.

Кому му смета запирање на прекројувањето на македонската историја, кога историчарите станаа политичари

Кому му смета запирање на прекројувањето на македонската историја и удоволување на шовинистичките бугарски политички желби спротивно на историските факти и аргументи? Ова прашање се отвора откако се најави промена на македонскиот дел од Комисијата за историски и образовни прашања со Бугарија, пишува Вечер.мк.

Иако претходно најавија оставка, односно напуштање на работата, сега јавноста е сведок како историчарите стануваат политичари, односно како сега веќе заменетиот состав на Комисијата, секојдневно излегува пред се со политички изјави, изигравајќи опозиција, а сето тоа пред се од страна на досегашниот претседател на македонскиот дел од Комисијата, Драги Ѓорѓиев.

Во тој политички контекст се очекува, според информациите, заменетите членови да испратат писмо до јавноста, полно со политички напади.

Да одиме со ред.

Комисијата беше формирана од минатата власт, со политичка одлука, согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка кој владата на екс премиерот Зоран Заев го потпиша со Бугарија.

Воедно македонската јавност беше сведок, како истата работеше под постојани политички притисоци, како што владата предводена од СДСМ милуваше да каже, заради добрососедски односи.

Она што е веќе познато, за таа цел, односно поради не потпаѓање на политичките барања за прекројување на македонската историја беа променети двајца членови, од кои едниот беше политички напаѓан од екс министерот Бујар Османи.

Во меѓувреме комисјата веќе договори измени во дел македонски учебници, но и прифати Цар Самоил да биде прикажан како цар на Бугарското царство, но и дека Светите браќа Кирил и Методиј, потоа и нивните ученици Светите Климент и Наум биле дел од бугарската историја.

Со ова јасно стана дека тој состав на комисијата не ја исполни задачата за заштита на македонските национални интереси.

Она што беше очекувано, тоа да прекине, а го најави новата влада. Но, само што се најави, почнаа реакциите, на тие кои досега попуштаа.

Е сега. Зошто на досегашниот претседател на Комисијата, Драги Ѓорѓиев би му сметало што комисијата има нов состав, а тој самиот во интервју за Сител телевизија изјави дека членовите на комисијата во јуни по состанокот со бугарскиот дел од комисијата, биле во МНР да најават оставка, односно дека повеќе не сакаат да се дел од комисијата. Ако Ѓорѓиев најавил оставка, зошто му смета нов состав и зошто во јавноста излегува со политички изјави?

Понатаму, треба да се одговори, како сега зборува за дека политички се бил избран нов состав, кога и неговото поставување беше политичко со одлука на минатата влада.

Воедно, Ѓорѓиев и неговите соработници должат одговор зошто прифатиле заедничка историја политички термин наметнат од минатата власт, кој историјата не го познава, има споделена но не и заедничка историја.

Воедно како за крај, бидејќи и самите кажале дека не сакаат да се дел од комисијата, да кажат за кој член од комисијата сметаат дека не е доволен експерт и нема да биде на висина на задачата, имајќи предвид дека сите се докажани историчари и важат за едни од најголемите македонски историски експерти.

Извор: Вечер.мк

Најнови вести од Македонија

To top