Ракомет

Почнува новата сезона во ракометната ЛШ

Почнува новата сезона во ракометната ЛШ

Новата сезона од ракометната Лигата на шампиони стартува и ќе видиме на крајот кои четири екипи ќе учествуваат на завршниот турнир во Келн.

Европската ракометна федерација (ЕХФ) споредувајќи ги составите, новите засилувања ги одреди фаворитите за пласман на Ф4 турнирот следниот јуни, а на врвот на листата е бранителот на титулата Барселона.

Како втор фаворит за трофејот во Лигата на шампионите се споменува Веспрем.Зад унгарскиот тим се наоѓаат вицешампионот Алборг, па следуваат Магдебург, ПСЖ, ПИК Сегед, Фуксе Берлин и Киелце.

И оваа сезона Е.Пелистер ќе ја претставува Македонија каде македонскиот шампион ќе биде дел од групата А, заедно со Динамо Букурешт, ПСЖ, Висла, Веспрем, Спортинг, Фуксе и Фредериција.

To top