Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија, Кристијан Грчевски го објави списокот на ракометарки на кои ќе настапат на двомечот со Австрија во рамките на ЕХФ неделата.
ЕХФ неделата е во периодот од 23 до 29 септември, а Грчевски се реши да повика 21 ракометарка за пресметките со Австрија во Брегенц.
Истите се закажани за 28.09 (сабота) со почеток во 17:00 часот и на 29.09 (недела) со почеток во 14:45 часот.
Селекцијата ќе иам собир на 23 септември во спортската сала Автокоманда во Скопје.