Фудбал

Порази на Аргентина и Бразил во квалификациите за СП 2026

Порази на Аргентина и Бразил во квалификациите за СП 2026

Јужноамериканските квалификации за СП донесоа пораз на Аргентина и Бразил против Колумбија и Парагвај.

Хамес Родригез имаше клучна улога во победата на Колумбијците во Баранкилја, откако во првиот дел му асистираше на Москера, а во вториот реализираше пенал, со кој Колумбија ја обезбеди победата со резултат 2:1.

За разлика од светскиот и јужноамериканскиот шампион, Бразил не успеа ниту да постигне гол, без разлика што дуелот во Парагвај го започна со триото на Реал, Винисиус-Родриго-Ендрик во нападот.

Диего Гомез реализираше атрактивно во 20. минута и предизвика вистинска лудница во Асунсион, а Парагвајците до крајот го сочуваа водството за големи три бода во дуелот со бразилската репрезентација.

To top