Ракомет

Ангеловски: Наша обврска е да се претставиме во најдобро светло во ЛШ

Ангеловски: Наша обврска е да се претставиме во најдобро светло во ЛШ

Тренерот на македонскиот ракометен шампион Е.Пелистер Бранислав Ангеловски смета дека Стеинс и Шипжак ја прават разликата во играта на ПСЖ пред стартот на новата сезона во ракометната ЛШ.

„Гостуваме кај еден од најсериозните кандидати за место на завршниот турнир и фаворит за освојување на едно од првите две места во нашата група. ПСЖ е добро составена и селектирана од еден од најдобрите тренери во светот, Раул Гонзалез. Структурата остана иста, разликата на терен ја прави Лук Стеинс со играта во транзиција и нападот пред Шипжак, кој е еден од најдобрите кружни напаѓачи во светот. Наша обврска е да се претставиме во најдобро светло, колку е тоа можно во овој момент. Само така треба да ја гледаме нашата иднина во Лигата на шампионите.

Еден ден и еден добар натпревар против ПСЖ, како минатата сезона, не може да гарантира дека повторно ќе одиграме добро. Но, мотивацијата ќе биде на наша страна, желни сме за докажување и сметам дека тоа ќе го покажеме“, заврши Ангеловски.

To top