Тимот на Кирил Лазаров одигра одличен меч против Вардар и заслужено дојде до троумф на дербито во првото коло од Супер Лигата.
„Можам да кажам дека сум горд на моите играчи за тоа ашто го направија. Не е лесно, јас никогаш не сум ласкал на некој ако не заслужува.
Еурофарм Плистер и Вардар имаат одлични екипи со сериозни тимови и нема да биде лесно. Тие и во своите европски натпревари ќе прават проблеми на големи екипи.
Горд сум, покажавме зрелост, работевме доста. Можеби сме во подобра форма од двете екипи и победивме. Мислам дека пелистерци одиграа премногу натпревари во подготовките, а Вардар одигра доволно ама имаше една луфта од две недели во кои не играше и немаше ритам. Мислам дека тука е нашата предност која ја искористивме. Имавме залет од освојувањето на Суперкупот, а и на овој меч се покажавме во одлично светло“, изјави Лазаров.