Кошарка

Денвер Нагетс потпиша нов договор со Џамал Мареј

Денвер Нагетс потпиша нов договор со Џамал Мареј

Денвер Нагетс направи промени во играчкиот кадар во изминатиов период, ама клучните играчи останувааат па така Џамал ​​Мареј прифатил да остане во Колорадо уште четири дополнителни години, верност за која ќе заработи 208 милиони долари.

Канаѓанецот беше меѓу најзаслужните што Нагетс во 2023 година станаа НБА шампиони, па организацијата се надева, верува дека комбинацијата со Јокиќ може да биде успешна, да донесе резултати и во следните сезони.

Мареј минатата сезона одигра 59 натпревари и имаше просек од 21,2 поени со 4,1 скок и 6,5 асистенции.

To top