Останати спортови

Арина Сабаленка ја освои титулата на САД Опен

Арина Сабаленка ја освои титулата на САД Опен

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е новата шампионка на грен слем турнирот САД опен.

Во големото финале втората светска тенисерка по голема борба и 114 минути игра ја совлада шестата светска тенисерка Американката Џесика Пегула со 7:5, 7:5.

Така теенисерката од Минск ја освои првата титула на Флешинг Медоус, но и третиот Грен слем во кариерата, откако беше најдобра во Мелбурн на последните два турнири.

Сабаленка ја потврди силата на бетон, ова беше нејзина 27 победа во 28 Грен слем меча на бетон во последните две години.

To top