По Немања Босанчиќ, фудбалскиот клуб Вардар денеска претстави уште едно ново име во својот редови,играч кој настапува во средниот ред.
Нов член на вардаровото семејство е Рушту Јонус, млад фудбалер кој ја покрива позицијата централен играч за врска. 22-годишниот фудбалер роден во Скопје минатата сезона ја мина во редовите на Гостивар за кого одигра 28 натпревари во ПМФЛ.
Претходно Јонус ги бранеше боите на Шкупи, Работнички, Пехчево и Охрид Лихнидос. По четири одиграни кола Вардар има само три освоени бода и се наоѓа на делбата на последната позиција со Брера Струмица.