Фудбал

Немања Босанчиќ нов фудбалер на ФК Вардар

Немања Босанчиќ нов фудбалер на ФК Вардар

Македонскиот фудбалски клуб Вардар во своите редови го доведе Немања Босанчиќ кој во минатото соработуваше со Захариевски во Струга .

Се работи за 29-годишен фудбалер за врска, кој доаѓа од редовите на Паневежис од Литванија, каде што последно настапуваше. Тој има 48 настапи за екипата на Струга, постигна 10 гола и подели 11 асистенции.

Освен за Паневежис и Струга, Босанчиќ има насттапи за Инџија, Чачак и Колубара во Србија, Беране од Црна Гора, фински Лахти и за ДЛ Про од Кина.

To top