Изборната платформа на новиот премиер на Холандија, екстремниот десничар Герт Вилдерс, вклучуваше референдум за „Негзит“, односно потенцијално излегување од Унијата, што Ле Пен го поддржа и коментираше дека убедливата победа на десницата во Холандија е јасен показател дека Европејците ја преиспитуваат политиката на ЕУ и сакаат да ја контролираат миграцијата во нивните држави.
Марин Ле Пен ги повика француските гласачи да ја стават партијата на Емануел Макрон во малцинска позиција на следните избори за Европскиот парламент во јуни 2024 година.