Свет

ЕУ, САД и Велика Британија го потпишуваат првиот договор за вештачка интелигенција

ЕУ, САД и Велика Британија го потпишуваат првиот договор за вештачка интелигенција

Европската Унија, САД и Велика Британија се очекува да го потпишат првиот меѓународен договор за правно регулирање на технологиите базирани на вештачка интелигенција, јави весникот „Фајненшл Тајмс“.

Брисел, Вашингтон и Лондон се очекува денеска да ја потпишат конвенцијата на Советот на Европа за вештачка интелигенција, која ги нагласува човековите права и демократските вредности во нејзиниот пристап кон регулирањето на системите на јавниот и приватниот сектор.

Конвенцијата, која има правно обврзувачки карактер, се подготвувала повеќе од две години. Во нејзиното создавање учествуваа повеќе од 50 држави, меѓу кои Канада, Израел, Јапонија и Австралија, дополнува „Фајненшл Тајмс“.

Рамковната конвенција на Советот на Европа за вештачката интелигенција, човековите права, демократијата и владеењето на правото беше усвоена од Комитетот на министри на Советот на Европа на 17 мај 2024 година.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Државите кои сакаат да го потпишат меѓународниот договор имаат можност да го сторат тоа од денеска, 5 септември, во Вилнус, главниот град на Литванија.

Најнови вести од Свет

To top