Руската атлетичарка Татјана Томашова денеска е суспендирана на 10 години поради допинг на Олимписките игри во Лондон во 2012 година, а воедно ѝ е одземени сребрениот медал во трката на 1.500 метри.
Како што соопшти Судот за спортска арбитража (CAS) во Лозана, Томашова доби строга казна бидејќи тоа е нејзино второ прекршување на правилата, откако претходно беше суспендирана на две години поради допинг, поради што ги пропушти Олимписките игри во Пекинг 2008.
Судот образложи дека Томашова била позитивна на анаболични стероиди во повторената анализа на примерокот во 2021 година. Тие примероци беа земени во јуни и јули 2012 година, неколку недели пред почетокот на Игрите во Лондон.
Томашова беше четвртопласирана на трката на 1.500 метри во Лондон, но подоцна и беше доделен сребрениот медал, откако прво и второпласираните атлетичарки од Турција беа суспендирани поради допинг. (МИА)