Фудбал

Ива Пројковска дебитираше на женското СП во Колумбија

Ива Пројковска дебитираше на женското СП во Колумбија

Нашиот најдобар женски фудбалски судија Ива Пројковска имаше свое деби на СП за жени, фудбалерки до 20 години што се одржува во Колумбија од 3. до 17. септември.

Таа беше главен судија на мечот од Ф групата меѓу Северна Кореја и Аргентина, победија кореанките дури со 6-2.

Помошници и беа Линда Шмит од Швајцарија и Камила Сориано од Франција. Четврти судија беше Маја Петровиќ од Хрватска.

Ива Пројковска е прв судија од Македонија кој судел на едно светско првенство во фудбал.

To top