Познати Несреќа

Прво огласување на Гога Секулиќ откако ја удри автомобил: Откри во каква состојба се наоѓа

-Добро поминав. Ме удри доставувачот во нашата населба. Фала му на Бога немам скршеници, ниту крварење, изјави Гога.

Прво огласување на Гога Секулиќ откако ја удри автомобил: Откри во каква состојба се наоѓа

Пејачката Гога Секулиќ утринава доживеала сообраќајна несреќа кога ја удрил автомобил додека поминувала улица на пешачки премин.

Сега пејачката проговори за локалните медиуми и ја откри нејзината состојба:

-Добро поминав. Ме удри доставувачот во нашата населба. Фала му на Бога немам скршеници, ниту крварење, изјави Гога.

Нејзиниот менаџер зборуваше за медиумите и објасни што се случило:

-Досега бев со неа во итната медицинска помош. Гога нема крварење или скршеници, сите органи и се во ред и свесна е. Ја удрил по левата надколеница, има модринки. Беше многу потресена, денеска го однела синот на училиште и потоа се случило ова… Со неа е сестра која дојде од Швајцарија, а татко и оди да го земе малиот. Се грижи… – изјави нејзиниот менаџер за Информер и додаде:

„Нема да го тужи доставувачот, застанал, помогнал и се расплакал. Брзата помош набрзина дошла и ја однеле. За среќа, не е ништо сериозно, но мора да се набљудува неколку часа, за секој случај“.

To top