Фудбал

ВМФЛ: Македонија ЃП сигурна против Победа, Кожув убедлив против Осогово

ВМФЛ: Македонија ЃП сигурна против Победа, Кожув убедлив против Осогово

Денес се одиграа седум средби од 3.коло во ВМФЛ. Македонија ЃП ја совлада Победа и ја победи со 3:0. И

нтересно, сите три гола беа дело на искусниот напаѓач Симеон Христов, два во првиот дел и еден во продолжението. Со ова Македонија ЃП е максимална, има три од три на стартот на сезоната.

Новаци во Велес со гол во 95.минута дојде до победа од 0:1. Со истиот резултат и Башкими славеше на гости кај Аресими. Скопје на Автокоманда со 2:1 го победи Вардар од Неготино.

Во Штип екипата на Брегалница со 2:1 славеше над Саса. Стрелци на головите на “сините“ беа Хаџи – Кимов и Галевски од пенал. Детонит и Вардарски одиграа 1:1, а Кожув со убедливи 4:1 беше подобар од Осогово.

To top