Екипата на Реал Мадрид продолжи со максималниот учинок и ја забележа деветтата победа во деветтиот меч во Евролигата, совладувајќи го бундеслигашот Алба (99-75).
Марио Хезоња имаше феноменална ноќ со 26 поени, а не успеаја да го неутрализираат Просида со 14 и Тиман со 12 поени.
Барселона гостуваше во Белград и го скрши малерот со победа над Макаби Тел Авив кој игра на неутрален терен (92-90). Лапровитола заврши со 23 поени, пред Абринес со 16 поени, додека кај израелскиот тим Болвдин постигна 19 поени.
Панатинаикос пред домашната публика ја победи Валенсија (90-73). Матиас Лесор имаше одлична партија со 17 поени и седум скока, а кај „лилјаците“ Оџелеје имаше 16 поени.
Полн плен освои и Виртус Болоња пред својата публика во Италија против турски Генербахче (87-79). Шенгелија со 15 и Хекет со 14 поени го водеа тимот до победа, а кај гостите одлична партија имаше Мотли со 25 поени.
Највозбудливиот меч на вечерта се одигра во Париз, каде АСВЕЛ по две продолженија загуби од Баерн Минхен по вистинска драма (100-101). Дуелот беше на прагот на трето продолжение, ама Ловерњ направи фаул над Гифи на секунда пред крајот и тој реализира едно од двете слободни фрлања. Најдобар стрелец кај францускиот тим беше Ловерњ со 21 поени, а кај Баерн, Болмаро даде 16 поени