Ракомет

Е. Пелистер загуби од Загреб и остана без финале во Добој

Е. Пелистер загуби од Загреб и остана без финале во Добој

Ракометарите на E.Пелистер беа убедливо поразени во последниот меч од групите на Меѓународниот турнир во Добој од екипата на Загреб со 37-19 полувреме (21-9).

Со овој пораз „зелено-белите“ од Битола останаа без шанси за финале и битка за трофејот и ќе играат за петтото место поради полошата гол-разлика од Загреб и Татабања.

Цикатиќ беше најефикасен кај пелистерци со пет погодоци. Во противничкиот табор Кос се истакна со седум реализации, додека Дибиров и Главаш имаа по пет.

To top