Ракомет

Мукаетов: Радува зголемениот прогрес на ракометот во помалите градови

Мукаетов: Радува зголемениот прогрес на ракометот во помалите градови

Ракометната федерација на Македонија одржа редовно собрание на кое беа присутни 53 делегати и се дискутираше на актуелни теми за развојот на спортот.

Претседателот Живко Мукаетов ја анализираше минатата сезона и потврди дека ракометот е во развој.

„Во сите категории во системот на натпревари на федерација одиграни се 1.404 натпревари, од кои 675 во сениорските лиги. Зголемен е бројот на пријавени ракометари и ракометарки во системот на федерацијата. Радува прогресот на помалите градови. 

Особено сме горди на успесите на сите наши репрезентации. Нашите судии и делегати достојно ја претставуваат земјата на меѓународна сцена, на што сме исклучително горди. Задоволство беше да се следат на големата сцена“, рече претседателот Живко Мукаетов.

Следното собрание на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ќе се одржи меѓу 15 февруари и 1 март 2025 година. Мукаетов потврди дека нема да биде кандидат на следното собрание.

To top