Фудбал

Канатларовски: Да го подобриме впечатокот на дуелите со Холандија и Гибралтар

Канатларовски: Да го подобриме впечатокот на дуелите со Холандија и Гибралтар

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година, Драган Канатларовски, по објавениот список даде свој коментар за овој квалификациски циклус и дуелите со репрезентациите на Холандија и Гибралтар што следуваат.

Сигурно е дека можевме многу подобро и повеќе да направиме во овие квалификации од досегашниот учинок. На одредени натпревари едноставно среќата не беше наш сојузник, но нема простор за изговори, пред нас се нови два квалификациски меча на кои треба да се покажеме во добро светло.

Одлично го стартувавме овој квалификациски циклус и остваривме тешка победа над силната Шведска на гостински терен. Во второто коло го одигравме најдобриот натпревар во овие квалификации против фаворитот во групата, Холандија. На овој меч пропуштивме многу шанси, а тоа на крајот противникот го искористи и ги казни нашите промашувања.

Оваа селекција, за жал, не располага со широк фонд на играчи, а тоа најмногу се одрази на дуелите со Молдавија и Грузија, каде што одигравме под своите очекувања и забележавме два порази. Во одредени моменти не успеавме да покажеме поголема трпеливост, а ни недостигаше концентрација и смиреност во завршницата на нападите“, вели Канатларовски.

To top