Фудбал

Серхио Рамос се сели во Саудиска Арабија

Серхио Рамос се сели во Саудиска Арабија

Шпанскиот фудбалер Серхио Рамос по една сезона ја напушти Севилја. Тој одлучи да се приклучи на клуб кој штотуку влезе во Саудиската Професионална Лига.

Така Рамос нема да потпише за Ал Наср, Ал Итихад или Ал Хилал, туку е блиску до потпис за Ал Ороба.

Ал Ороба минатата сезона на убедлив начин успеа да избори пласман во елитата, па сега веќе почнуваат да создаваат конкурентен тим.

Се очекува 38-годишниот Рамос да потпише двегодишен договор во наредните денови.

To top