Скопје

Стојановски до Арсовска: Еве ви бел лист и напишете решение за јавниот превоз за од понеделник, втори септември!

Овие изјави градоначалничке Арсовска што ги давате дека некој бојкотирал или не, тоа е само еден обичен пиар. Сега гледам излеговте, а ќе беше добро да ме слушнете додека говорам, рече Мартин Стојановски, советник во Советот на Град Скопје на денешната седница обраќајќи и се на градоначалничката која повторно ја напушти седницата на Советот.

Стојановски како советник од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во градот побара решение за од втори септември.

„Во понеделник е втори септември, децата почнуваат со училиште, речиси сите се враќаат на работа и еве ви бел лист и напишете, кажете како ќе го решите превозот на 2 септември затоа што вие овде што го зборувате е за набавка на автобуси. Тоа е за една година од сега“, рече Стојановски.

Стојановски јасно апелираше дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата бараат решение за превозот во градот за од втори септември, а не за до година.

„Значи еве го листот и напишете, кажете решение за од втори септември“, и порача Стојановски на Арсовска.

To top