Руските сили денеска соопштија дека ги зазеле селата Стелмаховка во Луганската област и Николаевка во Доњецката област, пренесоа агенциите, повикувајќи се на информации од Министерството за одбрана.
Населбата се наоѓа на петнаесетина километри од Покровск, главен логистички центар кој веќе неколку недели е цел на руските трупи кои напредуваат кон неа.
Руската офанзива ги принуди локалните власти да наредат евакуација на семејствата со деца од градот и неговата околина на 19 август. (МИА)