Бисера Антоанета иако како што призна, дека купувала чорапи, хулахопки, плишано мече, топка за „службени цели“, призна и дека се луксузирала во Виена, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Бисера Антоанета призна дека со пари на граѓаните платила 1200 евра за трособен стан во Виена за четири ноќи покрај фактот дека за периодот наместо 1200 евра, можела да помине или плати трипати помалку или околу 450 евра. Бисера Антоанета нема ни срам ни перде и вели дека стан од 1200 евра платен со народни пари не е нешто скапо. Бисера Антоанета наместо празни зборови како за патувањето во Лондон, така и за ова во Виена треба да одговори зошто трошела толку пари на граѓаните за лични потреби кои таа ги продава како службени цели, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како и да е, веќе јасно им е на сите што правела Бисера Антоанета, а ние и денеска ќе го разобличиме нејзиното аздисано однесување. Продолжуваме и денес со објавување на детали, додаваат од владејачката партија.