Тема на седницата беше моменталната ситуација во претпријатието, каде што, поради лошото работење, има недостаток на техничко-стручен кадар во Водовод, со што се доведува во прашање и нормалното функционирање на претпријатието.
Од страна на членовите на УО и НО, беше потенцирано дека во минатото овој состав на УО и НО, секогаш ги штитеше вработените во ЈП Водовод и канализација – Скопје, а тоа го потврдуваат и следните факти:
-Во септември 2022-ра година, по отпуштањето на 90-сетина вработени од страна на тогашниот директор, Управниот Одбор бараше тие да се вратат на работа, а тој на седница даде исказ дека тоа го направил, под директива на Градот Скопје и дека од таму барале овие лица да се отпуштат.
-По доаѓањето на сегашниот директор Драган Илиевски во јануари 2023-та година, место да се вработи потребен стручен кадар, во претпријатието, тој вработи кадар во администрацијата, блиски луѓе на раководството во Град Скопје.
-Во мај 2023-та година УО побара да се формира комисија, за да се направи увид, каков кадар се вработува во претпријатието. Оваа комисија утврди дека се вработува само административен кадар, а не стручен кадар, кој е потребен во Водовод.
-Во јуни 2023-та година УО и НО донесоа одлука и мислење, за пренамена на средствата од конто привремени вработувања, во конто трајни вработувања, со цел да им се реши статусот на вработените со привремени договори, односно истите да се вработат со решение за договор со неопределено време. Оваа одлука директорот не ја спроведе, со што и се дојде до оваа ситуација денес.
-За крај на денешната седница, се донесе заклучок дека УО и НО, целосно го подржуваат Техничкиот Совет на Водовод, во барањата да се вработи потребен технички кадар и дека е потребно секој технички сектор, да направи листа, со потребни работници (водоинсталатери, возачи, инженери и други работници).
-Управниот и Надзорниот Одбор на ЈП Водовод и канализација – Скопје, како во минатото, така и сега, ќе продолжи да ги штити интересите на вработените.