Останати спортови

Каратист од Дебар го урна светскиот рекорд во правење стомачни стар 13 години

Каратист од Дебар го урна светскиот рекорд во правење стомачни стар 13 години

Спортист од Дебар кој во моментов живее и работи во Швајцарија, Јон Батку, го собори светскиот рекорд во праввење стомачни што досега го држеше Давид Бегиашвили од Грузија

Грузиецот во 2011 година направи 1.430 стомачни во рок од 30 минути, ама светскиот рекорд сега го држи Јон Батку кој успеал да направи 1.430 стомачни за само 28 минути и 35 секунди. Дебарчанецот за час и 17 минути направил повеќе од 3.200 стомачни.

Дваесет и седумгодишниот Батку дипломирал на Факултетот за физичка култура, а веќе 20 години се занимава со карате.

To top