Кошарка

Арон Гордон го промени бројот на дресот во чест на неговиот трагично загинат брат

Арон Гордон го промени бројот на дресот во чест на неговиот трагично загинат брат

Кошаркарот на Денвер Нагетс, Арон Гордон, ја промени бројката на својот дрес и во иднина ќе настапува со бројот 32, во чест на неговиот трагично загинат брат кој во текот на кариерата го носеше овој број.

Дру Гордон го загуби животот во страотна сообраќајна несреќа, а неговиот брат реши да го промени бројот во знак на почит кон играчот кој во кариерата настапуваше за Партизан, Сасари, Филаделфија 76ерс, Литвус Ритас, Зенит, Автодор и Локомотив Кубан.

Јавноста во Соединетите Американски Држави го поздрави потегот на Арон Гордон и уште еднаш изрази голема поддршка за него и неговото семејство.

To top