Хроника

Автомобил излета од патот Подмољје – Струга: Повредени пет лица, меѓу нив и малолетници

Автомобил излета од патот Подмољје – Струга: Повредени пет лица, меѓу нив и малолетници

На 25.08.2024 во 19.00 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат Подмољје – Струга, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(36) од с.Батинци, скопско, излетало надвор од коловозот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајца малолетни сопатници, додека со телесни повреди се здобиле сопатниците Н.З.(27), малолетник и возачот, констатирани во Медицинскиот центар Струга, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Струга.

To top