Хроника

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Бутел

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Бутел

Денеска (26.08.2024) во 01.07 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Бутелска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди а7“ со германски национални ознаки, управувано од С.А.(54) од с.Грчец, скопско и мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Љ.Т.(20) од с.Љубанци, скопско, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

 

To top