Познати Србија

Влошена е здравствената состојба на Бора Чорба: Музичарот приклучен на респиратор – се огласи неговиот менаџер

Тој беше примен во болница поради проблеми со белите дробови, а сега е приклучен на респиратор.

Влошена е здравствената состојба на Бора Чорба: Музичарот приклучен на респиратор – се огласи неговиот менаџер

Музичарот Бора Ѓорѓевиќ, фронтмен на бендот Рибља чорба, моментално е на лекување во болница во Љубљана.

Тој беше примен во болница поради проблеми со белите дробови, а сега е приклучен на респиратор.

„Бора моментално е на респиратор поради компликации предизвикани од хронична опструктивна белодробна болест. Се надеваме на подобри вести во наредниот период“, изјави за српските медиуми Бане Обрадовиќ, менаџерот на Рибља чорба.

Потсетуваме, пред неколку дена на официјалната страна на бендот беше објавено соопштение дека сите нивни настапи во наредниот период ќе бидат одложени, поради здравствената состојба на Бора.

„Почитувани пријатели, поради нарушено здравје, лекарите му забранија на Бора Ѓорѓевиќ да патува и да се напрега поради тешка пневмонија, како и влошување со хронична опструктивна болест на белите дробови. Секако, како и секогаш, ќе ја победиме болеста и штом Бора оздрави, повторно ќе се видиме“, се вели во соопштението на бендот.

To top