Македонија Профенима форум

Виолета Миленковска, универзитетски професор: Знаењето е најмоќната алатка за сè во животот!

Затоа, образованието треба да биде приоритет на сите идни владини политики за закрепнување и поправка на штетата предизвикана од пандемијата, но и од досегашните последици од експерименталните реформски зафати”, додаде проф. Миленковска

Виолета Миленковска, универзитетски професор: Знаењето е најмоќната алатка за сè во животот!

На денешниот Профенима форум кој се оддржува во хотелот Холидеј Ин, со свое учество во панелот образование беше и професорката проф. д-р Виолета Миленковска од Универзитет Скопје, која зборуваше за значењето на образовниот процес, но истовремено се осврна и на катастрофалната политика во однос на образовните реформи:

„Мојата порака до сите чинители во образовниот процес е да се вложува во знаењето, бидејќи тоа е најмоќната алатка која допринесува во надминување на сите предизвици во животот. Вината за сите пропусти и вака осакатено образование не е во реализаторите на наставата, туку повторно во оние кои се задолжени да креираат и контролираат имплементација на образовни програми. Несредениот и колабиран образовен систем како една карика на општеството е само еден дел од мноштвото причини за одлив на младите кадри надвор од татковината. Затоа, образованието треба да биде приоритет на сите идни владини политики за закрепнување и поправка на штетата предизвикана од пандемијата, но и од досегашните последици од експерименталните реформски зафати”, додаде проф. Миленковска

Најнови вести од Македонија

To top